КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на мечевите од првата фаза.

Дербито меѓу прволигашите Каменица Саса и Скопје ќе го суди Дарко Стојанов, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Кирил Јованов.

Натпреварот меѓу Истатов и Ржаничино ќе го суди Боби Величков, а негови асистенти ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров.

Речица на домашен терен ќе игра со Топ Гол, а правдата ќе ја дели Ивица Перовски, а ќе му помагаат Хабиљ Љиворека и Имран Абази.

Вардар ќе се соочи со Пелистер, а главен арбитар ќе биде Вјолца Изеири, ќе асистираат Тамара Цветановиќ и Идриз Идризи.



Во Струга ќе се соочат Ас Јунајтед и Менада, за правдата ќе се погрижи Фатмир Бафот, а ќе му помагаат Горан Балески и Стефан Петрушевски.

Кочани ќе го пречека второлигашот Плачковица, а Ндерим Тефику ќе дели правда, со асистентите Станко Митровиќ и Снежана Илиевска.

Билјанини Извори ќе игра со фаворитот Љуботен, Благојче Ралевски ќе дели правда, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска и Дарко Василевски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3, две екипи имаат максимален учинок и по девет освоени бодови. На...

Кошарка

(ВИДЕО) Кожув со нов тим и високи амбиции: Гевгеличани целат кон топ четири во новата сезона

Новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија е пред самиот старт, а КК Кожув Гевгелија со јасно поставени цели влегува...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3,...

ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и...

Прва лигаФудбал

Муарем Муарем одново на тренерското столче на Башкими

Откако се раздели со Скопје, Муарем Муарем експресно пронајде нов клуб, се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!