РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски големи промени, Македонија без Барди од првата минута

Сподели
Сподели

Познати се стартните состави за вечерашниот дуел меѓу Словенија и Македонија во второто коло од Б-дивизијата во Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски направи голема ротација по поразот од Швајцарија, само Столе Димитриевски, Матеј Гаштаров и Елиф Елмас повторно се меѓу стартерите во однос на мечот од Скопје.

Во одбранбената линија Македонија ќе настапи со целосно изменета четворка – Стојчевски, Младеновски, Мељиќи и Аломеровиќ. За Марио Младеновски ова ќе биде и стартно деби во репрезентативниот дрес.

Промени има и во средниот ред, каде што место добиваат Атанасов и Елези, додека капитенот Енис Барди овојпат нема да биде во почетниот состав.

Во офанзивниот дел Седлоски се одлучи за Елмас, Митровски и Омерагиќ, со што и нападот претрпе значителни промени во однос на дуелот со Швајцарија.

Македонија ќе стартува во формација 4-2-3-1:
Димитриевски; Стојчевски, Младеновски, Мељиќи, Аломеровиќ; Атанасов, Гаштаров; Митровски, Елези, Елмас; Омерагиќ.

Од другата страна, селекторот на Словенија, Боштјан Цесар, се одлучи за следните 11 фудбалери:

Словенија ќе биде во формација 4-2-3-1:
Облак; Брекало, Бијол, Дркушиќ, Јанжа; Черин, Карничник; Бегиќ, Ловриќ, Штурм; Випотник.

Словенија во првото коло одигра без голови против Шкотска, додека Македонија претрпе пораз од Швајцарија со 0:3 и вечерва ќе го бара првиот бодовен резултат во новото издание на Лигата на нации.

Натпреварот на „Стожице“ во Љубљана започнува во 20:45 часот, а главен судија ќе биде Италијанецот Андреа Коломбо, со асистенти Џовани Бакини и Валерио Колароси.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!