Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Тасевски: Сакаме младите девојки да имаат кого да гледаат, од кого да учат и да почувствуваат дека и пред нив постои пат по кој можат да стигнат далеку

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Успешен и содржаен ракометен викенд во Охрид, исполнет со квалитетни натпревари, размена на искуства и силна порака за иднината на женскиот ракомет во Македонија.

Покрај натпреварите на „Трофеј Македонија 2026“, на кој македонската женска сениорска репрезентација имаше можност да се соочи со силните селекции на Србија, Хрватска и Црна Гора, во Охрид за првпат се одржа и Женскиот ракометен форум.

На едно место беа собрани големи имиња од регионалниот и европскиот ракомет – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои своите искуства ги споделија со македонските ракометарки, особено со помладите генерации.

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, по завршувањето на настаните во Охрид, истакна дека целта била да се направи повеќе од организација на уште еден турнир, со посебен фокус на развојот и промоцијата на женскиот ракомет.

Тасевски нагласи дека ваквите активности треба да бидат дел од континуираниот процес за создавање подобри услови за младите ракометарки и развој на женскиот спорт.

„Зад нас е еден убав и содржаен ракометен викенд во Охрид. Во изминатите три дена, преку „Трофеј Македонија“ и првиот Женски ракометен форум, се обидовме да направиме нешто повеќе од организација на уште еден турнир.

На „Трофеј Македонија“ имавме можност да ги пречекаме репрезентациите на Србија, Хрватска и Црна Гора и да одиграме квалитетни натпревари кои се исклучително важни за нашата женска сениорска репрезентација. Резултатите секогаш се важни, но во овој период уште поважно е да видиме каде сме, што треба да подобриме и да создадеме услови репрезентацијата да расте низ силни натпревари.

Паралелно со турнирот, за првпат го организиравме и Женскиот ракометен форум во Охрид.

Посебно ми е драго што на едно место успеавме да собереме големи имиња од регионалниот и европскиот ракомет – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ – и нивните искуства да ги доближиме до нашите ракометарки, а особено до помладите генерации.

Разговорите беа искрени и отворени. Се зборуваше за успесите, но и за тешките моменти во кариерата, за притисокот, повредите, односот со тренерите, самодовербата и за сето она што една млада ракометарка ја очекува на патот доколку сака еден ден да игра на највисоко ниво.

Токму тоа беше и нашата цел.

Сакаме младите девојки да имаат кого да гледаат, од кого да учат и да почувствуваат дека и пред нив постои пат по кој можат да стигнат далеку.

Како Ракометна федерација на Македонија сме свесни дека развојот на женскиот ракомет не може да се случи преку еден турнир или еден форум. Потребна е континуирана работа – во клубовите, младинските категории и репрезентациите, но и многу поголема промоција и внимание кон женскиот спорт.

Овој викенд во Охрид беше еден чекор во таа насока.

Благодарност до репрезентациите на Србија, Хрватска и Црна Гора што ја прифатија нашата покана, до сите панелистки на Форумот, ракометарките и стручните штабови, како и до сите луѓе кои беа вклучени во организацијата.

И, секако, благодарност до публиката и до младите ракометарки кои беа дел од овие три дена.

Продолжуваме понатаму. Идејата е ваквите настани да не останат исклучок, туку да станат дел од начинот на кој заеднички ќе го градиме и промовираме женскиот ракомет во Македонија“, вели генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3, две екипи имаат максимален учинок и по девет освоени бодови. На...

Кошарка

(ВИДЕО) Кожув со нов тим и високи амбиции: Гевгеличани целат кон топ четири во новата сезона

Новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија е пред самиот старт, а КК Кожув Гевгелија со јасно поставени цели влегува...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски големи промени, Македонија без Барди од првата минута

Познати се стартните состави за вечерашниот дуел меѓу Словенија и Македонија во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Словенија – Македонија: Време е за реакција и прв гол во ерата на Седлоски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана го...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Информација за македонските навивачи во Љубљана: Еве од каде се тргнува кон „Стожице“

Македонските навивачи кои денеска ќе бидат во Љубљана ќе имаат организиран превоз...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!