ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Сподели
Сподели

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и потпиша договор со Тренчин од Словачка. 21-годишниот фудбалер, кој игра на позицијата лево крило, во понеделникот го постигна договорот со клубот, додека во петокот официјално беше регистриран и стана нов член на словачкиот тим.

Масевски со фудбал почнал да се занимава пред десет години, а првите чекори ги направил во ГФК Куманово. Краток период бил дел и од Речица, пред да направи обид за интернационална кариера во Шведска, каде што настапувал за Кирна.

Престојот во Шведска не траел долго, пред сè поради административните проблеми со документите, со оглед на тоа што Масевски тогаш имал само 17 години.

Потоа следувал период во Шпанија, каде што работел на својот фудбалски развој и настапувал за Б-тимови и екипи од пониските рангови. Во тој период бил дел од Хуеска Б, Алкоркон Б и Реал Карабанчел, каде што продолжил да го гради своето искуство и да напредува како фудбалер.

Токму во Шпанија бил забележан од скаутот Федиуков, кој го следел неговиот развој и му ја отворил вратата за нова можност во Словачка. По препораката и скаутирањето, Масевски добил шанса да пристигне во Тренчин, каде што имал пробен тренинг.



Впечатокот бил позитивен, па по само еден тренинг клубот одлучил да го ангажира. Со тоа, за Масевски следува ново интернационално искуство и можност за понатамошен развој во словачкиот фудбал.

Кумановецот веќе работи и со Мирослав Урхин, кој е помошен тренер во прволигашкиот состав на Тренчин. Според Масевски, постои можност во текот на сезоната да добие шанса и во првиот тим, но самиот фудбалер не сака да избрзува со очекувањата.

„Овој договор го гледам како само еден мал чекор до мојата голема цел, а тоа е еден ден да заиграм во една од Топ 5 лигите во Европа. Во таа цел верувам во мојот нов тренер и скаутот кои го препознаа и го пофалија мојот талент. Ја имам нивната поддршка, што ми дава уште поголема мотивација да работам и да се докажувам“, вели Масевски.

За 21-годишното лево крило, ангажманот во Тренчин претставува нова можност да се наметне во поинаква фудбалска средина, да продолжи со напредокот и чекор по чекор да се приближува кон својата голема професионална цел.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски големи промени, Македонија без Барди од првата минута

Познати се стартните состави за вечерашниот дуел меѓу Словенија и Македонија во второто коло од Б-дивизијата во Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски...

КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

Прва лигаФудбал

Муарем Муарем одново на тренерското столче на Башкими

Откако се раздели со Скопје, Муарем Муарем експресно пронајде нов клуб, се...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!