Прва лигаФудбал

Муарем Муарем одново на тренерското столче на Башкими

Сподели
Сподели

Откако се раздели со Скопје, Муарем Муарем експресно пронајде нов клуб, се врати во Куманово каде ќе го води Башкими.

Поранешниот македонски репрезентативец веќе е промовиран на тренерското столче на кумановскиот прволигаш, каде одново ќе има можност да го води Башкими во предизвиците кои ќе ги има клубот во Првата македонска фудбалска лига, а тоа ќе биде опстанокот.

Муарем доаѓа на местото на Шабан Сулејмани, кој на почетокот на сезоната го презеде Башкими.

По осум кола Башкими е претпоследен на табелата со четири бодови, а има форма од една победа над Скопје, едно реми со Вардар и шест порази.

Муарем се враќа во добро позната средина, бидејќи минатата сезона седеше на тренерското столче на Башкими со што не би имал проблем да се прилагоди на новата средина. Фактот што во моментот има репрезентативна пауза го отвара просторот Муарем да го подготви тимот и да одработи мини подготовки, а негово деби ќе биде во рамките на деветтото коло, кога Башкими на домашен терен ќе игра против Струга Трим Лум, која во моментот е второпласирана на табелата во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!