Македонската кикбокс репрезентација оствари одличен резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија, освојувајќи пет медали – три златни и две бронзени, во исклучително силна конкуренција од над 2.800 натпреварувачи од 74 држави.
Златните медали за Македонија ги освоија:
- Томи Андонов – K1 / YJ M +81 kg
- Калин Бабоски – LK / OJ M -63.5 kg
- Глигор Николов – LK / YJ M -67 kg
До бронзени одличја стигнаа:
1. Драгица Глигорова – KL / OC F +65 kg
2. Петар Лозановски – LK / YJ M -60 kg
По враќањето од Италија, младите македонски шампиони беа пречекани на свечен прием во Македонскиот олимписки комитет. Тие беа топло пречекани од претседателот Даниел Димевски и раководителот на секторот за спорт, Петар Спасеновски.
Македонскиот олимписки комитет упати честитки до сите репрезентативци, стручниот штаб и Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија, предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко, за постигнатиот успех.
Со освоените пет медали, младите македонски кикбоксери уште еднаш го потврдија својот квалитет и потенцијал и достојно ја претставија Македонија на светската сцена.