Останато

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

Сподели
Сподели

По двата освоени медали во Таранто и Софија, во фокусот на средбата беа следните предизвици за Рустемовски и плановите за унапредување на боксот во Македонија преку соодветни програми.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари средба со македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Боксерската федерација на Македонија, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во бокс во Софија.

Рустемовски на Европското првенство стигна до полуфиналето и со освоената бронза продолжи со одличните настапи на големите меѓународни натпреварувања. За македонскиот боксер, ова е второ големо одличје во неполни 30 дена, откако претходно освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто.

На средбата, Димевски му го честиташе успехот и истакна дека ваквите резултати се значаен поттик за македонскиот спорт.

„Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Особено радува што во краток период успеа да освои две одличја од големи меѓународни натпревари. Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да го поддржува Ален во неговите подготовки и настапи, но и заедно со Боксерската федерација да работи на создавање услови за понатамошен развој на боксот во Македонија. Преку нашите програми и активности сакаме да дадеме дополнителен придонес во развојот и поддршката на боксот како национален спорт, како и на спортистите кои ја претставуваат нашата земја“, истакна Димевски.

Рустемовски се заблагодари за поддршката и посочи дека медалите од Таранто и Софија му даваат дополнителен мотив за продолжување на подготовките и новите предизвици што следуваат.

„Многу ми значи поддршката од МОК. Двата медали во краток период ми даваат голема мотивација да продолжам да работам и да се подготвувам за следните натпревари. Се надевам дека ќе продолжам да ја претставувам Македонија на најдобар можен начин“, рече Рустемовски.

На средбата се разговараше и за следните настапи и плановите на Рустемовски, како и за можностите за заедничка соработка меѓу МОК и Боксерската федерација во насока на понатамошно унапредување на боксот во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

Останато

Во градско дерби со Газели Волеј, Работнички Скопје ја започнува одбраната на титулата

Одбојкарките на Работнички Скопје во градско дерби со Газели Волеј на 17...

Останато

ФОТО: Штип УГД во полна пареа пред новата сезона, две проверки со Феризај пред историскиот настап во Лигата на шампионите

Одбојкарскиот шампион на Македонија, Штип УГД, продолжува со подготовките за новата сезона,...

Останато

Првата машка одбојкарска лига со нов формат: Бараж за сите 12 екипи за поделба во А и Б лига

Натпреварувачкиот систем во Првата лига мажи во сезоната 2026/2027 ќе претрпи промени....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!