Останато

Во градско дерби со Газели Волеј, Работнички Скопје ја започнува одбраната на титулата

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на Работнички Скопје во градско дерби со Газели Волеј на 17 октомври ја отвораат сезоната во Првата лига жени. Во првото коло уште се соочуваат и вицешампионот Наковски Волеј со Пелистер Волеј, Младост УГД и Јанта Волеј КВ, Вардар ЕМ го пречекува дебитантот Фламинго Волеј, додека Фит Фан Волеј ќе се сретне со Струмица жени. Со оглед на ланскиот пласман, но и засилувањата во екипите во пресрет на новата сезона ќе имаме и тоа како интересно отворање на новото првенство кај дамите.

Натпреварувачкиот систем во Првата лига жени нема да претрпи промени, односно регуларниот дел од сезоната ќе се игра по двокружен бод систем или вкупно 18. кола, а екипите кои ќе се пласираат од 1 до 8 место ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на плеј-офот. Таму вкрстуваат (1-8, 2-7…) а се игра во два добиени натпревари, каде првиот и евентуално третиот меч се играат на теренот на подобро пласираната екипа. Победниците продолжуваат во полуфиналето, каде одново се игра во два добиени натпревари, додека финалната серија е во три добиени дуели.

Екипата која на деветтото место ќе го заврши настапот во регуларниот дел од сезоната игра бараж натпревар (дома-гости) за опстанок во Првата лига со второ пласираната екипа од Втората лига жени.

Последнопласираниот, 10. тим во првенството го губи прволигашкиот статус и во следната сезона ќе настапува во Втората лига.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ

1.КОЛО, ПАРОВИ

Газели Волеј – Работнички Скопје

Младост УГД – Јанта Волеј КВ

Вардар ЕМ – Фламинго Волеј

Наковски Волеј – Пелистер Волеј

Фит Фан Волеј – Струмица жени

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!