Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).
БВА Купот ќе се игра од 6 до 8 октомври 2026 година во салата „Парк“ во Струмица, каде што Наковски Волеј ќе ги пречека ЦСКА Софија од Бугарија, Дрита од Гњилане, Косово и грчки Олимпијакос.
Победникот на БВА Купот ќе обезбеди пласман во првата рунда од ЦЕВ Челинџ купот, со оглед на тоа што ова натпреварување има улога на зонска клупска претквалификација за европското клупско натпреварување.
По дебито на европската сцена минатата сезона, Наковски Волеј и годинава ќе има можност да се претстави на меѓународно ниво и да се бори за место во следната фаза од ЦЕВ Челинџ купот.