Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од 30.000 американски долари. Ивановски го совлада домашниот тенисер Патрик Хомола со 2-0 во сетови (6:4, 6:4).

На стартот од мечот беа разменети два брејка. Ивановски прв го загуби својот сервис, но веднаш возврати со ри-брејк. Клучниот момент во првиот сет се случи во седмиот гем, кога македонскиот тенисер направи брејк по 18 одиграни поени и поведе со 4:3, а потоа го задржа сервисот за освојување на сетот со 6:4.

Во вториот сет повторно се водеше голема борба. Клучен беше осмиот гем, во кој Ивановски по 16 одиграни поени успеа да изедначи на 4:4, притоа спасувајќи три брејк-топки. Веќе во следниот гем направи брејк за водство од 5:4, а потоа без загубен поен го освои својот сервис-гем и со ас-сервис го затвори мечот.

Во второто коло Ивановски ќе се соочи со Клаус Пенинг од Германија, кој на стартот го совлада Чехот Мартин Сукал со 2-0 во сетови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!