РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор за спонзорство и соработка, со кој болницата станува официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација.

Во рамки на партнерството, „Аџибадем Систина“ ќе обезбедува сеопфатна медицинска грижа и поддршка за фудбалерите од А репрезентацијата и Националниот тим до 21 година.

По повод почетокот на соработката, репрезентативците Ѓоко Зајков, Бојан Миовски и Езѓан Алиоски, заедно со селекторот Гоце Седлоски, го посетија спортскиот центар „Премиум“.

Тие остварија средба со менаџментот на болницата, при што се запознаа со медицинските капацитети, технологијата и услугите кои ќе им бидат достапни на репрезентативците во рамки на новото партнерство.

Со оваа соработка, ФФМ и „Аџибадем Систина“ најавуваат дополнителна медицинска поддршка и грижа за здравјето на македонските репрезентативци, како важен дел од подготовките и настапите на националните селекции.

„Чест и задоволство ни е што започнуваме соработка со фудбалерите кои ја претставуваат нашата земја на меѓународната спортска сцена. Како болница, горди сме што ќе бидеме нивна медицинска поддршка. Се надеваме дека ќе имаат што помалку потреба од нашите услуги, но нашиот тим секогаш ќе биде тука за нив. Особено ни е драго што, покрај А националниот тим, ќе обезбедуваме медицинска поддршка и за подмладокот до 21 година“, изјави д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија.

Во рамките на соработка, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе обезбедува континуирана медицинска грижа за репрезентативците и членовите на стручниот штаб за време на официјалните подготовки и репрезентативните собири, како и целосна медицинска поддршка за време на меѓународните натпревари на А националниот тим. Поддршката ќе опфаќа превенција, дијагностика, лекување и рехабилитација на спортски повреди, со цел зачувување на здравјето и физичката подготвеност на фудбалерите.

„За нас, фудбалерите, оваа соработка значи дополнителна сигурност и доверба, бидејќи знаеме дека за нашето здравје ќе се грижат врвни медицински професионалци. Подготвени сме да го дадеме својот максимум на теренот и да продолжиме да ги радуваме сите што нè поддржуваат“, изјави репрезентативецот Ѓоко Зајков.

Со ова партнерство, „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност кон здравјето на спортистите и поддршката на македонскиот спорт, обезбедувајќи им на репрезентативците сигурна, навремена и професионална медицинска грижа во пресрет на новите спортски предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!