Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Сподели
ФОТО: ОФС Гостивар
Сподели

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари, откако на теренот со вештачка трева беа поставени дополнителни рефлектори.

Од Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Гостивар ја поздравија реализацијата, истакнувајќи дека новото осветлување значително ги подобрува условите за тренинг и одигрување натпревари, особено во периодите кога дневната светлина не дозволува нормално одржување на активностите.

Во име на ОФС Гостивар, упатена е благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор, претседателот на ОФС Гостивар, Берат Исмаили, како и до директорот на ЈП „Ринија“, за соработката и ангажманот околу поставувањето на дополнителните рефлектори.

Од ОФС Гостивар посочуваат дека ваквите вложувања се особено значајни за младите фудбалери и клубовите, бидејќи создаваат подобри услови за тренинг, развој и натпреварување. Со подобреното осветлување, теренот со вештачка трева во Гостивар добива дополнителна функционалност, а локалниот фудбал нова инфраструктурна поддршка за понатамошен развој.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!