Шаховскиот клуб Фламуртари од Радолишта забележа значаен успех на македонската шаховска сцена, освојувајќи го третото место во Првата екипна шаховска лига на Македонија за 2026 година.
По повод одличниот резултат, претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, на која упатија благодарност за поддршката што ја добиваат од локалната самоуправа.
Ќура им честиташе на шахистите и раководството на Фламуртари за постигнатиот резултат, посакувајќи им уште поголеми успеси во периодот што следува.

Од Општина Струга истакнаа дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на спортските клубови и иницијативите кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на спортот, како и за создавање подобри услови за работа и напредок на спортистите од струшкиот регион.
