Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона.
Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал конкуренција ќе бидат ланските прволигаш Мал Ајакс и Балкан, потоа Фудбал Старс, Кратово, Овче Поле, Победа, Каршиака, Црна Река и дебитантот Шутка 1.
Од минатата сезона ги нема екипите на Партизан од Брвеница и Карадаку.
Веќе се познати и двојките за првото коло, а со тоа е познат и целиот распоред.
Во првото коло ќе има дерби во Штип на два поранешни прволигаши – Мал Ајакс ќе се соочи со Овче Поле, Балкан ќе ја пречека Победа, Фудбал Старс ќе биде домаќин на Кратово, Каршиака ќе се соочи со дебитантот Шутка 1.
Во првото коло слободна ќе биде на екипата на Црна Река од Кавадарци.
Според пропозициите првите две екипи ќе обезбедат директен влез во Прва лига, а последните две екипи од Прва лига ќе испаднат во Втора лига.