Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи со турскиот претставник Спор Тото, откако денеска во Виена беше извлечена ждрепката за продолжението на натпреварувањето.

Европската авантура за охриѓани во оваа фаза ќе започне на домашен терен. Првиот дуел е предвиден за 17 или 18 октомври во Охрид, додека една недела подоцна, на 24 или 25 октомври, ќе следува реваншот на теренот на турскиот состав.

ФОТО: ГРК Охрид

Спор Тото своето место во второто коло го обезбеди преку првата рунда. Турците имаа успешен двомеч против Вогошча, совладувајќи го босанскиот претставник во двата натпревари одиграни на домашен терен.

За Охрид ова ќе биде нов чекор во обидот да продолжи европскиот пат и да го задржи трофејот освоен минатата сезона.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!