Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби во најсилното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите. Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги потврди термините за натпреварите од првата квалификациска фаза.

Актуелниот освојувач на двојната круна во македонската одбојка, Штип УГД, по ланскиот историски настап во европските клупски купови, сезонава за првпат ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Штипјани во првото квалификациско коло ќе се соочат со холандскиот Орион Старс.

Првиот натпревар ќе се одигра на гостински терен, на 21 октомври од 20:00 часот, во „Топспортхал“ во Дутинхем, Холандија. Реваншот е закажан за 28 октомври од 18:00 часот во салата „Џексон“ во Штип.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло, каде што го очекува словенечкиот АЦХ Волеј од Љубљана.

Тимот што ќе биде елиминиран, пак, ќе го продолжи европскиот настап во второто по ранг клупско натпреварување – ЦЕВ Купот. Поразениот од овој двомеч е слободен во првото коло и директно ќе се пласира во 1/16-финалето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки...

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!