Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Сподели
Сподели



Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје како тренер.

Триесет и двегодишната Величковска зад себе има богато играчко искуство, вклучително и долгогодишни настапи во странство. Ракометниот пат го започна во ЖРК Металург, каде што поминала значаен дел од кариерата, а потоа настапувала и за Пелистер и ЖРК Чаир.

Штипјанката своето искуство го надградуваше и надвор од Македонија, градејќи меѓународна кариера во Франција. Таму го носеше дресот на Ла Пужен и Кот Баске, што дополнително ја збогати нејзината ракометна биографија.

По завршувањето на играчката кариера, Величковска веднаш продолжи во ракометот, но во нова улога. Во сезоната 2025/2026 беше тренер на пионерската екипа на ЖРК Чаир, а сега доби можност да предводи сениорски состав и да го преземе Астибо.

За штипскиот клуб ова е нов почеток по турбулентниот период. Минатата сезона Астибо поради финансиски проблеми го откажа настапот во Суперлигата, по што се врати во понизок ранг и оваа сезона се натпреварува во Првата лига, со состав во кој доминираат домашни и млади ракометарки.



Тренерското деби на Величковска дојде на гостувањето кај Стружанка, каде што Астибо претрпе пораз од 26:20 во спортската сала „Тими“. Домаќинот до победата го предводеше Маја Раткушиноска со 11 гола, додека кај штипскиот состав најефикасна беше Ана Марија Накова со осум погодоци.

Иако стартот не донесе позитивен резултат, за Величковска ова е почеток на една нова кариера – овојпат покрај теренот, каде што стекнатото долгогодишно играчко искуство ќе се обиде да го пренесе на младите ракометарки на Астибо.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

Ракомет

ВИДЕО: Драматично реми на Радовиш и Драчево Јуниор, Трајчевски со девет гола но Преспа загуби, радост за штипјани

Драматична завршница имаше натпреварот во СРЦ „25 Мај“ откако Радовиш и Драчево...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!