Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во Супер лигата, а следен предизвик за охриѓани е домашниот дуел со Прилеп. Натпреварот од четвртото коло ќе се одигра в петок од 19:45 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

Охрид во пресрет на мечот влегува со јасна цел да ја продолжи победничката серија и пред својата публика да стигне до нови два бода. Голманот Дино Славиќ очекува натпревар во кој домашниот состав мора максимално да биде концентриран на сопствената игра и пристап, без оглед на противникот.

„Нè очекува еден предизвикувачки натпревар, но мислам дека фокусот треба да ни биде на нас самите и нашата игра. Ако влеземе во мечот со 100% мислам дека победата не треба да биде доведена во прашање, ќе ја продолжиме победничката низа и ќе запишеме нови два бода.“- вели Славиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Охриѓани ќе имаат можност пред домашната публика да го потврдат добриот старт и со уште еден триумф да продолжат во позитивен ритам. Против Прилеп, тимот на Борис Ројевиќ ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога и да остане на победничкиот пат.

Охрид – Прилеп се игра в петок од 19:45 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

Ракомет

ВИДЕО: Драматично реми на Радовиш и Драчево Јуниор, Трајчевски со девет гола но Преспа загуби, радост за штипјани

Драматична завршница имаше натпреварот во СРЦ „25 Мај“ откако Радовиш и Драчево...

Ракомет

Победа со горчлив вкус: Тиквеш го совлада Еш, но остана без Европа!

Тиквеш се збогува со европската сцена и покрај победата над Еш од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!