Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гостиварскиот тим го очекува тежок предизвик, но во Струга патува со желба за добра игра и позитивен резултат.
Во пресрет на дуелот со Струга Трим Лум, за очекувањата од натпреварот зборуваше фудбалерот на Арсими, Ардит Иљази.
“Не очекува многу тежок натпревар на гостински терен против Струга. Ја знаеме нивната сила и квалитет, но ние добро работевме во текот на неделата и на теренот ќе влеземе со голема мотивација и концентрација.
Ќе се обидеме да ги исполниме задачите на тренерот и да го дадеме максимумот од првата до последната минута. Играме за позитивен резултат и веруваме во работата и во групата што ја создадовме. Се надеваме дека со максимален ангажман ќе се вратиме од Струга со бодови.
Им благодариме на нашите навивачи за поддршката и се надеваме дека со нашата игра ќе ги направиме горди”