Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до нова победа и да го задржи чекорот со Шкендија на врвот на табелата.

Стружани влегуваат во натпреварот со амбиција да продолжат со добрите резултати и со три бода да останат во самиот врв, додека Арсими ќе се обиде да приреди изненадување на гостувањето и да стигне до позитивен резултат.

„Го почитуваме Арсими, но Струга Трим Лум има јасна цел, а тоа е трите бода да останат кај нас. За да го оствариме тоа, мораме да дадеме и повеќе од максимумот за да стигнеме до посакуваниот резултат.

Во модерниот фудбал сите знаеме дека повеќе нема лесни противници. Затоа мораме да бидеме на потребното ниво и да одиграме како што знаеме, за да ја продолжиме победничката серија на домашен терен“, изјави Радески.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Арсими е закажан од 16 часот на Градскиот стадион во Струга, а ќе го суди Бењамин Керими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во Супер лигата, а следен предизвик за охриѓани е домашниот дуел со...

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!