Прва женска фудбалска лигаФудбал

„Кикс“ на Љуботен за прв бод на Вардар: Меланија Грозданова погоди против поранешниот клуб

Сподели
Сподели



Шестото коло на Првата женска фудбалска лига го донесе првиот бод за Вардар, откако успеа во Тетово да одигра 2:2 против Љуботен, кој во финишот се спаси од пораз.

Само по една минута игра во Тетово домашниот тим преку Хава Мустафа дојдоа до водство од 1:0, но во 25. минута токму Мустафа му донесе израмнување на Вардар, откако си постигна автогол.

До крајот на првиот дел се случи и комплетен пресврт откако Меланија Грозданова постигна гол во 34. минута против својот поранешен клуб за водство на Вардар од 1:2.

Само пет минути го делеа Вардар од прва сезонска победа, но Улза Максути успеа во 85. минута да постигне гол за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Ваквиот „кикс“ му одговара на шампионот Скопје, но и на новајлијата Пелистер, бидејќи со по 15 екипи двете екипи го делат врвот од табелата, а пак Љуботен со 14 бодови сега е на третото место.



Во однос на самата табела на четвртото место е Тиверија Брера со 13 бодови, следува Каменица Саса како петта со 12 бодови.

Ас Јунајтед е шести и има осум бодови, Истатов е седум со шест бодови, а пак Вардар, Кочани и Речица со по еден бод се позициониран на осмото, деветтото односно десеттото место.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!