Нов дебакл за Тиверија која во второто коло на домашен терен загуби со неверојатни 0:13 од Дојранско Езеро, во рамки на 2. коло на Трета лига регион 3. Меч каде што гостинот од Дојран ја полнеше мрежата на домаќинот до врв.
Доне Аргиров постигна пет гола, двоен стрелец беше Љубе Тасиќ, а пак по еден гол постигнаа Димитар Јанев, кој во 3. минута го отвори резултатот, Ристо Миленковиќ, Милан Миленковиќ, Лазар Дучков, Ѓеорге Карамитров и Филип Зајков.

Фаворитот Овче Поле се „сопна“ пред домашната публика откако одигра 1:1 против Малеш од Берово. По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме гостинот од Берово дојде до предност од 0:1 преку Тони Мичковски во 50. минута. По петнаесет минути игра домаќинот со голот на Лука Николов избегна пораз и ремизираше за делба на бодовите.

Победа Валандово со голот на Елдан Шата во 61. минута ја освои Виница славејќи минималец над ланскиот второлигаш Слога.
Минимална победа славеше и тимот на Брегалница од Делчево над Карбинци со голот на Марио Атанасовски кој погоди во 39. минута за победа од 0:1.

Огражден го продолжува победничкиот поход откако на „Кукуш“ со голот на Јован Дрвошанов славеше победа од 0:1 над некогашниот прволигаш Хоризонт Турново.
Локалното дерби донесе голем број на публика на трибината на стадионот „Кукуш“.
„Кикс“ направи и ланскиот второлигаш Каменица Саса, кој како фаворит ремизираше со Ударник во Пирава во меч без голови (0:0).