Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

Сподели
ФОТО: МЗТ Скопје
Сподели

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.

27-годишниот бек, висок 194 сантиметри, во „Јане Сандански“ пристигнува со богато регионално и меѓународно искуство. Тадиќ својата кариера ја започна во белградски Партизан, со кого во 2018 година го освои Купот на Србија.

Во 2022 година, настапувајќи за Златибор, се закити со шампионската титула во АБА2-лигата, а има искуство и од настапи за Младост Земун, Слобода Ужице и унгарски ДЕАЦ.

Тадиќ добро го познава и македонскиот и регионалниот кошаркарски простор, со оглед на тоа што во минатото настапуваше за Куманово, како и за црногорската Сутјеска.

Новиот член на МЗТ Скопје има и репрезентативно искуство со младинските селекции на Србија. Со јуниорската репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година, а претходно беше дел и од селекциите до 16 и до 20 години.

Со својата прегледност, организаторски способности и искуство, Тадиќ треба да донесе дополнителна сигурност и креативност во бековската линија на македонскиот шампион, кој во новата сезона ќе настапува на домашната сцена, во АБА2-лигата и во ФИБА Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!