Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо федерација
Сподели

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1 2026, во јуниорска конкуренција до 55 килограми.

Бресалиева имаше одличен настап и до големото финале стигна со четири убедливи победи. Во првиот круг беше слободна, а потоа во осминафиналето со 2:0 ја совлада Нелисах Енкок од Турција.

Во четвртфиналето македонската претставничка со 2:0 беше подобра од Луција Осуна Хереро од Шпанија, додека во полуфиналето со истиот резултат ја совлада Марија Миладин од Хрватска.

Во финалната борба Бресалиева се сретна со Турчинката Церен Кочуноглу, од која претрпе пораз, со што го освои сребрениот медал.

Овој резултат е уште еден голем успех за младата македонска таеквондистка и потврда за нејзината одлична форма и квалитет.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!