Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир за тенисери и тенисерки до 12 години од категорија 2, кој деновиве се одржа на терените на ТК „МТП“ во Скопје.

Митевски триумфираше во сингл конкуренција, откако во финалето го совлада Стефан Кустуровиќ од Србија со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). До финалето стигна со убедливи победи над Демир Чандемир од Турција во полуфиналето со 6:2, 6:3 и Матс Вајблен од Германија во четвртфиналето со 6:1, 6:1. Претходно, во групната фаза, Митевски ги совлада и Стрибор Поповиќ од Србија и Тибет Акташ од Турција.

Успешен настап имаше и во конкуренција на двојки, каде што Митевски заедно со Кустуровиќ стигнаа до титулата.

Од македонските тенисери, групната фаза успешно ја минаа и Дариан Белчовски, Габриел Никола Петак и Јаков Андреевски, кои обезбедија пласман во четвртфиналето.

Кај девојчињата, титулата во сингл ја освои Романката Јустина Бурада, која триумфираше и во конкуренција на двојки заедно со Лена Раониќ од Црна Гора. Во финалето тие беа подобри од македонската тенисерка Јована Атанасовска и Ева Нистрова од Швајцарија.

Од македонските тенисерки, покрај Атанасовска, групната фаза ја мина и Тициана Апел, но двете беа запрени во четвртфиналето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!