Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Сподели
Сподели

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржува во прилепското село Дебреште. Полуфиналните пресметки донесоа интересни и ефикасни натпревари, по кои се комплетираше завршницата на турнирот.

Во првото полуфинале, БХС Груп Саждево со 4:3 славеше над Лисичани во натпревар со дури седум погодоци и обезбеди место во големото финале.

Втората финална виза ја освои Пилана Жарко, која со минимални 2:1 беше подобра од Сталоне Теута Саждево.

Така, во борбата за трофејот ќе се соочат БХС Груп Саждево и Пилана Жарко, додека Лисичани и Сталоне Теута Саждево ќе играат за третото место.

Програмата за завршниот ден предвидува прво да се одигра натпреварот за третото место, кој е закажан за 20:00 часот, додека големото финале ќе започне од 21:00 часот.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ и продолжува да ја следи завршницата на овој спортски настан во Дебреште.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!