Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото коло на домашен терен загубија со 0:2 од Детонит Плачковица од Радовиш.

За Шкупи ова е продолжение на серијата негативни резултати која трае уште од минатата сезона. Во Првата македонска фудбалска лига тимот од Чаир имаше само едно реми, додека забележа дури 32 порази, што резултираше со испаѓање од елитното друштво.

Она што дополнително го прави периодот тежок за чаирчани е фактот дека Шкупи последен пат славел на 10 септември 2025 година. Тогаш, во рамките на Купот на Македонија, Шкупи оствари минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија.

Оттогаш до денес, 21 август 2026 година, поминаа 345 дена, односно повеќе од 11 месеци без победа.

А токму против Кожуф Шкупи ќе има можност да стави крај на оваа неверојатна серија.

Чаирчани во второто коло од Втората лига повторно ќе патуваат во Гевгелија, каде ќе се обидат да стигнат до првата победа во новата сезона. Интересно, последниот триумф на Шкупи воопшто беше токму против Кожуф.



Дали Шкупи конечно ќе стави крај на црната серија и по речиси една година повторно ќе ги израдува своите навивачи? Или Кожуф ќе успее да му зададе нов удар на тимот од Чаир?

Шкупи ќе има мотив повеќе, но и сериозен притисок да покаже реакција по домашниот пораз од Детонит Плачковица.

Натпреварот Кожуф – Шкупи ќе се одигра в сабота, 22 август, од 16:30 часот на Градскиот стадион во Гевгелија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!