Прва лигаФудбал

Хаџи-Кимов пред Башкими: Ова е Прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој

Сподели
Сподели

Брегалница утре во вечерен термин на Градскиот стадион во Штип ќе го пречека Башкими, кој во градот под Исарот доаѓа во многу лоша форма со три порази од толку натпревари.

Сепак, младиот Благој Хаџи-Кимов вели дека ова е Прва лига и дека нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој.

„Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој. Хемијата во екипата е на највисоко ниво, целиот фокус е петок и натпреварот против Башкими на домашен терен. Вечерниот термин под „Исарот“ и пред нашата верна публика за нас е само мотив плус за добра игра и нови три бода“, вели младиот Благој Хаџи-Кимов.

Натпреварот меѓу Брегалница и Башкими се игра утре од 19 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!