Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Сподели
Сподели



Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на Лука Георгиевски.

Младиот битолчанец повторно ќе го облече „зелено-белиот“ дрес, откако минатата сезона во пролетниот дел настапуваше за Прилеп. Со прилепскиот тим Георгиевски го освои првото место во суперлигашкиот плеј-аут, а сега повторно се враќа во составот на Еурофарм Пелистер 2.

Георгиевски е младински репрезентативец на Македонија и зад себе веќе има значајно искуство за својата возраст. Настапуваше во младинската Лига на шампиони со Еурофарм Пелистер, а со националниот тим има учества и на кадетско и на младинско Европско првенство.

Неговото враќање претставува дополнителна опција за тренерскиот штаб и продолжение на определбата на Еурофарм Пелистер 2 да гради тим со млади и перспективни ракометари.

Битолчани во изминатиот период активно се подготвуваат за новата сезона, а веќе имаа можност да одиграат и силна проверка против првиот тим на Еурофарм Пелистер. Во „братското дерби“ одиграно во спортската сала „Боро Чурлевски“, поискусниот состав славеше над вториот тим.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер 2 е настапот на Меморијалниот турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп, кој започнува денес. Таму младите битолчани ќе имаат нова можност за силни натпревари и дополнително темпирање на формата пред стартот на официјалните натпревари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!