Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија.

Станува збор за офанзивен фудбалер кој најчесто настапува на десната крилна позиција, но може да одговори и на задачите во нападот. Неговата поливалентност во офанзивниот дел од теренот се очекува да биде дополнителен квалитет за тимот.

Акинлосоту во Струга Трим Лум пристигнува како млад и перспективен фудбалер, а во струшкиот клуб ќе има можност да го покаже својот потенцијал и да се наметне во составот.

Со неговиот ангажман, Струга Трим Лум продолжува да го комплетира ростерот и да создава тим кој ќе биде конкурентен во сезоната што следува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!