Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Сподели
ФОТО: КК Соколи 1933
Сподели

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона.

На првиот тренинг присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој им посака добредојде на новите играчи и стручниот штаб, упатувајќи им поддршка и желби за успешна сезона.

ФОТО: КК Соколи 1933

Градоначалникот најави дека од 9 септември КК Соколи ќе продолжи со подготовките во новата спортска сала, каде што екипата ќе има одлични услови за тренинг, работа и напредок.

Првиот тренинг помина во позитивна атмосфера, со високо темпо, голема мотивираност и максимална посветеност од страна на кошаркарите.

Со нов тренер и амбициозни планови, КК Соколи го започнува новото поглавје со јасна цел – напорна работа и што подобри резултати во сезоната што следува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а македонскиот третолигашки фудбал ќе биде поделен во шест регионални групи, една...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година трагично почина Даниел Николовски, млад фудбалер кој својот живот го посвети...

Поврзани написи
Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КК Гостивар се засили со Таулант Ибраими – Љанти

КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!