Кошарка

Тарик Брунчевиќ е ново големо засилување на КК Работнички

Сподели
ФОТО: КК Работнички
Сподели

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за сезоната. Искусниот крилен центар, кој може да покрива повеќе позиции под обрачите, пристигнува со богато меѓународно искуство.

Брунчевиќ во досегашната кариера настапувал во Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција, а со своите 206 сантиметри треба да донесе дополнителна физичка сила и стабилност во рекетот.

Особено успешна беше неговата сезона 2024/25 во словенечки Шентјур, каде што просечно постигнувал 15 поени, 6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, потврдувајќи се како еден од клучните играчи на тимот.

Со ангажманот на Брунчевиќ, Работнички добива искусен играч кој може да придонесе и во одбраната и во нападот, особено во скокот и играта под кошот.

Екипата предводена од Владимир Мирковски продолжува со формирањето на составот, а Брунчевиќ се очекува да има значајна улога во ротацијата на скопскиот клуб.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27,...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој...

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...

Кошарка

ТФТ со две млади засилувања од Вардар

КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!