Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Сподели
FOTO: International handball tournament ,,Krste Andonovski" Ohrid
Сподели

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи го Олимпијакос со 39-27 во меч во кој разликата беше направена уште во првото полувреме.

По почетните 3-3, македонскиот шампион влезе во серија од девет погодоци и стигна до убедливи 12-3. Одбраната функционираше одлично, а Валах со неколку интервенции дополнително ја олесни работата на својот тим. До одморот Вардар веќе имаше двоцифрена предност (22-11), додека Олимпијакос остана и со играч помалку по исклучувањето на Папазоглу.

Во продолжението, Иван Чупиќ ја распредели минутажата и им даде шанса на помладите ракометари. Вардар без проблем ја контролираше играта, во завршницата стигна и до плус 13, па убедливо го приведе мечот до крај за стартна победа на турнирот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!