Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

Сподели
FOTO: International handball tournament ,,Krste Andonovski" Ohrid
Сподели

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, откако бранителот на трофејот славеше над У-20 репрезентацијата на Египет со 31-27.

Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот и со одлична игра во одбраната стигнаа до предност од 4-1. Во продолжението домашниот состав одржуваше предност од неколку гола, но пропуштените можности за дополнително зголемување на разликата му овозможија на Египет да остане во игра.

Младите „фараони“ во еден период успеаја да ја намалат негативата, откако Охрид направи неколку последователни грешки во нападот. Сепак, избраниците на Борис Ројевиќ реагираа навреме и на паузата заминаа со предност од 15-12.

Во второто полувреме Ројевиќ продолжи со ротациите и им даде минутажа на сите ракометари. Египет во еден момент успеа да се доближи на само еден гол негатива, но Охрид повторно ја воспостави контролата и во завршницата го реши прашањето околу победникот.

Кеита беше најрасположен во нападот со седум погодоци и беше прогласен за МВП на натпреварот, додека Лиапис постигна шест гола. Блажески запиша пет одбрани, а Ѓорѓески имаше значаен придонес во одбраната во почетната фаза од натпреварот.

За Охрид ова беше и натпревар во кој требаше да се распоредат силите, со оглед на густиот распоред и предизвиците кои следуваат.

Утре охриѓани ги очекува нов предизвик на турнирот „Крсте Андоновски“ против Војводина. Овој натпревар воедно ќе се бодува и во рамките на новоформираната Регионална лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!