Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром ги стартуваше подготовките за новата сезона

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера го одработија првиот тренинг во пресрет на новата сезона, во која ги очекуваат настапи на три фронта – домашната Суперлига, АБА2-лигата и ФИБА Еврокупот.

Шефот на стручниот штаб Васко Атанасов на располагање го имаше поголемиот дел од составот, а подготовките започнаа во позитивна и работна атмосфера. Амбициите на клубот остануваат високи – борба за сите домашни трофеи, но и успешен настап во регионалното и европското натпреварување.

Посебно внимание ќе привлече настапот во ФИБА Еврокупот, каде МЗТ Скопје ќе се врати по пауза од 25 години.

До крајот на август тимот ќе работи во Скопје, по што следува заминување на тренинг-камп во Гевгелија. Во меѓувреме се планирани и неколку контролни натпревари, кои ќе бидат искористени за воигрување на составот и проверка на формата пред официјалниот старт.

На првиот тренинг беа капитенот Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, Лука Стојановски, Никола Василевски, Петар Бошалески, Бојан Величковски, Ноа Фарахан, Лесли Ворнер, Димитрије Николиќ, Емир Крајиниќ и 15-годишниот Давид Петковски.

Првата официјална задача за МЗТ Скопје ќе биде Суперкупот на Македонија, каде кон крајот на септември ќе се соочи со Куманово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...

Кошарка

ТФТ со две млади засилувања од Вардар

КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите...

Кошарка

Алек Петкоски е ново засилување за МКК Куманово

МКК Куманово го официјализираше ангажманот на Алек Петкоски, кој во новата сезона...

Кошарка

Кој ќе игра во Суперлигата – Соколи со Србиновски и Шкупи во трка за местото во елитата

Штип е пред можност повторно да добие суперлигашка кошарка, откако КК Соколи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!