Ракомет

Чупиќ: Вардар секогаш оди по трофеи, дресот е „тежок“ и сите играчи мора да се навикнат на тоа!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар со победа го започна натпреварувањето во новоформираната Регионална лига, откако вечерва со 36:30 го доби вицепрвакот Војводина во Охрид.

Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Иван Чупиќ, по натпреварот за Спортска Мрежа истакна дека одиграле квалитетен натпревар и заслужено стигнале до победата.

„Мислам дека одигравме коректен натпревар бевме од почетокот до крајот квалитетен противник и ја заслуживме првата победа. Ја изротиравме целата екипа на сите играчи им дадовме шанса, добра регенерација и утре не’ очекува турнирот“, вели тренерот на Вардар, Иван Чупиќ во изјава за Спортска Мрежа.

Чупиќ за Спортска Мрежа зборуваше и за новата сезона, за екипата, подготовките, плановите, целите и амбициите.

„Кога сте во Вардар очекувањата се најголеми што може да бидат, за тоа и не треба да се зборува, Вардар секогаш оди по трофеи, Вардар секогаш сака да освојува и лигата, Купот и Суперкупот, добро да се претстави во Европа и Лига на шампиони и Лига Европа. Имаме некои промени во составот мислам дека составот е одлично избалансиран, мислам дека екипата ја подготвивме навремено. Посакувам само играчите да бидат здрави и одиме чекор по чекор, а Вардар секогаш мора да оди на победа, тоа е менталитет на клубот, мораа сите и старите и новите играчи да се навикнат дека тоа е така во Вардар, бидејќи дресот на Вардар е тежок, голема одговорност, затоа и сме тука и нема зошто да се плашиме, но треба да сме мирни и со двете нозе на земја, чекор по чекор, натпревар по натпревар и ќе видиме до каде ќе стигнеме“, изјави Чупиќ во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Вардар од утре го очекуваат предизвиците на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!