Останато

(ФОТО) Официјално претставена македонската делегација за Таранто 2026: 90 спортисти во 19 од 33 спортови, подготвени за новиот медитерански предизвик

Сподели
Сподели

Македонските бои ќе ги бранат спортисти во индивидуални и екипни дисциплини, со поддршка од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ќе присуствува на свеченото отворање на Игрите.

Натпреварите ќе се пренесуваат во живо на МРТ 3, а случувањата од Таранто ќе може да се следат и преку социјалните мрежи на МОК

Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена.

Денеска официјално беше претставена делегацијата која од 21 август до 3 септември ќе ги брани македонските бои на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Со 130 членови, од кои 90 спортисти, ова ќе биде досега најбројната делегација на Македонија на Медитеранските игри. Македонските спортисти во Таранто ќе настапат во опрема на ЈОМА, обезбедена за македонската делегација за настапот на Игрите.

 

На денешната прес-конференција беа претставени составот на делегацијата, подготовките и настапот на македонските претставници. На присутните им се обратија претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и дел од спортистите.

Димевски информираше дека Македонија ќе има свои претставници во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Во индивидуалните спортови ќе настапи во атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил.

Во екипните спортови македонските бои ќе ги бранат женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.

Зад настапот на македонските спортисти стои период на интензивни подготовки, а Македонскиот олимписки комитет во изминатиот период обезбедуваше поддршка и услови за нивната подготовка и настап.

„Сведок сум на подготовките во изминатиот период и на трудот што секој од спортистите го вложи за да биде подготвен за настапот во Таранто. Наша задача беше да им обезбедиме најдобри можни услови и поддршка на тој пат. Верувам дека сето тоа ќе го покажат на спортските терени“, истакна претседателот на МОК.

Македонија досега има освоено 14 медали на Медитеранските игри, а Димевски изрази надеж дека и оваа генерација ќе има успешни настапи и ќе ја продолжи традицијата на освојување медали.

На свеченото отворање на Игрите ќе присуствува и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, што претставува значајна поддршка за македонските спортисти.

„За нас тоа е голема чест и дополнителна мотивација за целата делегација“, истакна Димевски, кој информираше дека дел од делегацијата ќе биде и Софија Арнаудова, сертифициран тренер за ментални перформанси, која ќе работи со спортистите на менталната подготовка, концентрацијата и справувањето со натпреварувачкиот притисок.

Присутните спортисти истакнаа дека со нетрпение го очекуваат почетокот на Игрите и моментот кога ќе излезат на спортските терени во Таранто. По подготвителниот период, фокусот сега е на натпреварите, каде секој од нив ќе се обиде да го даде својот максимум, да се бори за секој поен, секоја секунда и секој резултат и достоинствено да ги брани македонските бои.

Шефот на делегацијата, Петар Спасеновски, кој веќе е во Таранто, ги заврши подготовките за пречекот и организацијата на македонската делегација, која во наредните денови ја очекуваат првите настапи и нови спортски предизвици. Очекувањата се македонските спортисти да го дадат својот максимум и достоинствено да ги претстават македонските бои на Игрите.

Со порака за поддршка до сите спортисти, Димевски посака успешен настап на целата делегација и нагласи дека МОК ќе биде со нив на секој чекор.

„Нека го дадат својот максимум, а ние ќе бидеме тука да ги поддржиме на секој чекор. Нека е среќно и со успех за Македонија!“, порача Димевски.

Македонската јавност ќе може да ги следи случувањата од Таранто преку директни преноси на дел од натпреварите на МРТ 3, како и преку секојдневните информации, резултати и содржини на социјалните мрежи на МОК.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на W75 турнирот во Куршумлијска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлијска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!