Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе одлични оценки за организацијата, условите и целокупната реализација на шампионатот.

Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин и организатор на Европското првенство за мажи до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија. На шампионатот настапија најдобрите млади кошаркари од повеќе европски земји, а покрај квалитетната кошарка и возбудливите натпревари, првенството беше уште една можност Македонија да ја потврди својата способност за организација на големи меѓународни спортски настани.

За успешната реализација, Кошаркарската федерација на Македонија доби и специјална плакета како признание за успешно организираното првенство.

Сепак, уште позначајни од самото признание беа пофалните зборови од претседателот на FIBA Europe, Jorge Garbajosa, кој за време на својот престој во Македонија позитивно ја оцени организацијата и целокупната реализација на шампионатот.

Garbajosa посочи дека Македонија конечно се етаблира на вистинскиот пат кон градење вистинско и трајно пријателство со „куќата на европската кошарка“, испраќајќи јасна порака дека нашата земја станува сигурен и доверлив партнер на FIBA Europe.

Оваа оценка има особена тежина. Таа не е само признание за успешно организирано европско првенство, туку и потврда дека Македонија чекор по чекор го зацврстува своето место во европското кошаркарско семејство.

Успешната организација на Европското првенство до 16 години – Дивизија Б е уште една потврда за професионалноста, посветеноста и организацискиот капацитет на Кошаркарската федерација на Македонија, но и силен сигнал дека нашата земја повторно гради доверба и партнерски однос со највисоките структури на европската кошарка.

Македонија покажа дека знае да биде добар домаќин. А уште поважно – покажа дека сака и може да биде дел од иднината на европската кошарка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!