Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Деан Стојанов ги одбра 14 те одбојкарки кои ќе патуваат во Мостар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, ги одреди 14-те кошаркарки кои ќе настапат на БВА зонските квалификации за пласман на Европското првенство 2027. Турнирот од 19 до 23 август ќе се одржи во Мостар, Босна и Херцеговина.

По тринеделните подготовки, како и трите контролни натпревари со А-селекцијата, селекторот и стручниот штаб го направија конечниот избор на играчките кои ќе ја претставуваат Македонија на овој турнир.

Оваа генерација ја очекува голема шанса да испише историски успех, а избраничките на Стојанов со максимална мотивација влегуваат во квалификациските предизвици во Мостар.

Делегацијата вечерва со автобус патува за Мостар, утре попладне треба да одработи официјален тренинг, додека натпреваувачкиот дел стартува в среда.

Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Бијели бријег“ во Мостар, Македонија е дел од групата А, а турнирот го отвора на 19 август, на пладне, кога ќе се соочи со Романија. Ден подоцна, во второто коло од 14:30 часот игра со Белорусија, додека групната фаза девојките ја заокружуваат на 21 август, кога од 19:30 часот играат со домаќинот БиХ. Во групата Б се репрезентациите на Србија, Бугарија, Русија и Турција.

На 22 и 23 август ќе се играат натпреварите за пласман. ЦЕВ се уште нема точно дефинирано колку селекции од овој турнир ќе продолжат во следната квалификациска рунда, која треба да се игра од 21 до 24 јануари следната година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!