Втора лигаФудбал

Реми во Битола: Камјани му „откина“ бодови на Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели



Камјани беше блиску до сензација и деби победа во Втората македонска фудбалска лига, откако одигра 1:1 против Пелистер во Битола во фудбалски амбиент во вечерен термин, меч со кој се затвори првата рунда.

Дебитантот во второлигашката конкуренција преку искусниот Љупчо Трпески дојде до водство од 0:1 за отварање на резултатот, Охриѓанецот погоди против својот поранешен клуб. Со минимална предност Камјани замина на полувреме.

Во вториот дел Пелистер се обидуваше да дојде до брз гол за израмнување, а потоа и да се обиде да направи пресврт. Погодокот беше постигна од белата точка откако новото засилување Мартин Мирчевски погоди 86. минута за 1:1.

До крајот и двете екипи бараа начин како до гол за триумф, но сепак конечниот исход на „Петар Милошевски“ беше дел на бодовите.



За Камјани ова е прв историски бод како второлигаш, а Пелистер како главен фаворит за враќање во елитата со реми ја започна новата сезона.

Во следното коло Пелистер одново ќе игра на домашен терен против Брера Струмица – дуел на два лански прволигаши, а пак Камјани на домашен терен ќе бара прва победа против Осогово, кој со пораз во Струмица од Беласица (1:0) ја започна новата сезона во ВМФЛ.

Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните натпревари можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!