Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија со четири гола ја доби Брегалница за „три од три“ во ПМФЛ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Шкендија продолжува во шампионски ритам и по три одиграни кола останува единствениот тим со максимален ефект во Првата македонска фудбалска лига. Тетовци вечерва ја совладаа Брегалница со убедливи 4-1 во последниот натпревар од третото коло и стигнаа до третата победа во низа.

По триумфите над Скопје со 3-0 и Вардар со 0-2 во големото дерби, Шкендија беше убедлива и против штипјани, со што на своето конто има девет бода и дури 12 постигнати голови.

Во првото полувреме Брегалница успеваше да го одржи почетниот резултат. Шкендија имаше поголема иницијатива и создаде неколку можности, но гостинскиот голман Јашар беше на висина на задачата. Тамба се закани уште во воведните минути, а потоа во шанса се најдоа и Красниќи и Ибраими. На спротивната страна, Брегалница се закани преку Калпачки, но без реализација.

По паузата тетовскиот состав дополнително го засили притисокот и конечно го скрши отпорот во 61. минута. По една подолга акција, Александар Трумчи шутираше прецизно и го доведе својот тим во водство.

Само пет минути подоцна Шкендија стигна и до втор гол. Ендрит Красниќи одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го совлада Јашар за 2-0.

Кога се чинеше дека домаќинот мирно ќе го приведе натпреварот до крај, Брегалница се врати во игра. Во 86. минута, Мартин Стојанов постигна вистински евро-гол и со прекрасен удар го намали резултатот на 2-1, внесувајќи неизвесност во завршницата.



Штипјани тргнаа по израмнување, но со тоа оставија повеќе простор во одбраната, што Шкендија знаеше да го искористи. Во 91. минута, Фахд Нзенгуе излезе во одлична позиција и погоди за 3-1, со што практично го реши победникот.

Во самиот финиш следуваше и четврти гол. Шкендија доби пенал, а Арбин Зејнулаи во 94. минута беше сигурен од белата точка за конечни 4-1.

Со тоа Шкендија има перфектни девет од девет и засега осамено стои на врвот на табелата.

Оваа сезона тетовскиот клуб има и дополнителна причина за максимален фокус на првенството. Шкендија е дисквалификувана од настап во Купот на Македонија, па во сезоната 2026/27 ќе има само еден фронт – Првата македонска фудбалска лига.

По завршувањето на европската авантура, за тетовци останува една главна цел – освојување на шампионската титула. Без обврски во Купот и без европски натпревари, Шкендија ќе може максимално да се посвети на првенството, а стартот покажува дека амбициите се сериозни.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!