Прва лигаФудбал

Темелков: Знаеме каков квалитет има Шкендија и ја почитуваме, но и ние имаме свои квалитети

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Пред Брегалница е тежок предизвик, најтешкиот во сезоната. Гостува на тетовска Шкендија во 3. коло во ПМФЛ. Во вечерен термин на ТЦ „Петар Милошевски“, штипјани ќе се обидат да направи изненадување.

После триумфот над Арсими, самодовербата во екипата е на високо ниво, атмосферата исто така, во очекување на добар настап и добар резултат и од овој натпревар.

„Очекувам тежок натпревар против екипа која има високи амбиции. Ќе дадеме максимум од првата до последната минута и се надевам дека тоа ќе биде доволно за позитивен резултат. Знаеме каков квалитет има Шкендија и ја почитуваме, но и ние имаме свои квалитети. Натпреварите против фаворитите се најголем мотив за секој фудбалер. Верувам во тимот и мислам дела може да одиграме рамноправен натпревар. Мора да бидиме дисиплинирани и компакни како тим да ги исполниме задачите што ќе ги постави тренерот и да бидеме максимално концентрирани на текот на целиот натпревар. Атмосферата во тимот е одлична. Победата против Арсими ни даде самодоверба и мотив за продолжение на сезоната“, изјави Ристе Темелков.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!