Прва лигаФудбал

Шампионот потона во Охридското Езеро: Струга Трм Лум слави минималец над Вардар

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Актуелниот шампион Вардар нема старт каков што посакуваше во Првата македонска фудбалска лига, откако го запиша вториот пораз во низа во рамки на третото коло, губејќи од Струга Трим Лум со минимални 1:0.

Стружани стигнаа до втората сезонска победа благодарение на голот на Христијан Малески кој погоди во 61. минута од средбата, по чистите мрежи во првиот дел.

Во судиското надополнува главниот судија Доне Ристовски покажа на белата точка за Вардар, но Давид Бабунски биеше високо над голот и со тоа пропушти можност скопскиот тим да освои барем бод, а по мечот Бабунски остана со рацете на глава.

Иако Вардар статистички беше подобар на теренот, сепак бодовите остануваа во Струга, а шампионот дома се враќа со празни раце откако во претходното коло го загуби и дербито до конкурентот за титулата, Шкендија со 2:0.

64 проценти беше поседот на топката кај Вардар наспротив 36 проценти кај стружани, а кога се во прашања ударите кон голот, тогаш истите се шест – шест, а вкупниот број на шутеви е 9 наспротив 13 за Вардар.



Претходно, Вардар остана без аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани, а денес „црвено-црните“ ги предводеше Матија Мирков, впишувајќи пораз.

Во следното коло Струга Трим Лум ќе игра дерби против Шкендија во гости, а пак Вардар ќе бара рехабилитација и враќање на победите против Силекс на домашен терен.

По три кола Струга има седум бода, а пак Вардар останува со три бода, од дуелот против Брегалница (2:0) од првото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!