Ракомет

Голманот Кристијан Костадиновски повторно во Суперлигата, битолчанецот ќе биде дел од амбициозната Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Битолскиот голман Кристијан Костадиновски се враќа во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, откако по една сезона во Првата лига повторно ќе брани во Суперлигата.

Костадиновски е дел од новиот амбициозен проект на Струга, каде што веќе настапи на трите натпревари на традиционалниот Струшки турнир. Официјализацијата на соработката меѓу голманот и клубот се очекува во наредните денови.

Младиот чувар на мрежата минатата сезона ја мина во составот на Младост Богданци, каде што одигра значајна улога во враќањето на екипата во Суперлигата. Со своите настапи беше меѓу позаслужните за успешниот кам-бек на богданчани во елитното друштво.

Во кариерата Костадиновски има и суперлигашко искуство со Радовиш, каде што настапуваше во Првата и Суперлигата, додека претходно го бранеше и голот на својот матичен клуб Еурофарм Пелистер.

Со неговото доаѓање, Струга дополнително ја засилува конкуренцијата меѓу стативите. Во ростерот веќе се наоѓа уште еден голман од Битола, искусниот Мартин Јовановски, кој исто така е меѓу новите засилувања, како и Дамјан Тутенкоски.

Така, Струга во новата сезона ќе има тројца квалитетни голмани, што му дава дополнителни опции на стручниот штаб и уште еден показател за амбициите на клубот во пресрет на новата суперлигашка сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!