Прва лигаФудбал

Шампионот Вардар со нов тренер ќе бара три бодови против Струга

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Актуелниот шампион Вардар ќе има можност за брза реакција по неуспешната измината недела, но пред себе има исклучително тежок предизвик – гостување кај Струга Трим Лум во рамките на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ минатиот викенд го загубија дербито со Шкендија на Арената „Тодор Проески“, а поразот беше последен во низата лоши резултати на домашен терен, имајќи ги предвид и неуспесите во европските натпревари. Сето тоа резултираше со прекин на соработката со аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани.

На клупата на Вардар во Струга ќе биде Матија Мирков, досегашниот прв асистент на Фабијани. Мирков добро ја познава екипата, а во стручниот штаб беше и минатата сезона, кога Вардар под водство на Гоце Седлоски ја освои шампионската титула.

Новата тренерска ситуација носи и одредена неизвесност околу стартниот состав. Мирков ќе има задача да го избере најдоброто решение и да најде комбинација која ќе одговори на барањата на натпреварот и ќе му овозможи на Вардар да се врати на победничкиот пат.

Една од работите што може да му даде оптимизам на шампионот е неговиот учинок на гостински терен. Вардар сезонава покажа дека надвор од Скопје може да изгледа значително подобро, особено во европските натпревари, каде што успеваше да доаѓа до позитивни резултати. Спротивно на тоа, настапите на Арената „Тодор Проески“ не беа на посакуваното ниво.

Сега останува да се види дали тренерската промена ќе донесе позитивен импулс и дали Мирков уште на својот прв натпревар како шеф на стручниот штаб ќе успее да го предводи Вардар до важни три бода.

Од другата страна, Струга Трим Лум го пречекува шампионот со свои амбиции и со желба пред домашната публика да стигне до нов позитивен резултат. Стружани сигурно ќе сакаат да ја искористат турбулентната ситуација во редовите на Вардар и да го искористат домашниот терен како своја предност.

Натпреварот Струга Трим Лум – Вардар се игра денеска од 16:30 часот, а главен судија ќе биде Доне Ристовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!