Прва лигаФудбал

Малески: Сакаме дербито со Вардар да го крунисаме со нови три бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум во дерби натпреварот од третото коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 16.30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар.

Стружани најавуваат дека се подготвени за надигрување, а напаѓачот Христијан Малески верува дека неговиот тим може да стигне до победа.

„Се надевам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар, вистинско дерби во кое сакаме да го покажеме најдоброто од себе и на крајот бодовите да останат во Струга. Цела недела се подготвувавме за овој натпревар и добро го анализиравме противникот, па во дуелот ќе влеземе максимално подготвени. Верувам дека целиот тим ќе го даде максимумот и дека пред нашите навивачи ќе стигнеме до нови три бода во сезоната“, изјави Малески.

Напаѓачот воедно беше стрелец на последниот гол за Струга Трим Лум во дуелите против Вардар минатата сезона.

„Можам да кажам дека ќе го дадам максимумот против Вардар. Доколку успеам да постигнам гол, без сомнение тоа ќе биде награда за она што ќе го покажам на теренот“, дополни еден од адутите на Струга Трим Лум.

Дербито ќе се одигра денеска, со почеток во 16.30 часот на Градскиот стадион во Струга, а ќе го суди Доне Ристовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!