Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Мислам дека оваа слика е реална, многу работа е пред нас!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели
Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар на Европското првенство и поразот од Бугарија во мечот за 13. место, го анализираше настапот на своите избраници. Тој ги посочи причините за послабото издание во последниот натпревар, но и нагласи дека младите кошаркари во периодот што следува ги очекува сериозна работа со цел да продолжат да се развиваат и напредуваат.
„Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти бевме недисциплинирани, а тоа на ова ниво не смее да се случи. Повторно имавме многу грешки и не е добро вака да се презентираме“, вели Стојановски.
Сепак, селекторот смета дека целокупната слика од настапот на првенството е реална, особено ако се земат предвид ограничувањата со кои се соочуваше тимот.
„Мислам дека оваа слика е реална. Ние во групната фаза игравме на максимум. Имавме и лоши моменти, тоа е нормално, но немаме длабока клупа која може да ги компензира тие работи.“
Македонија го завршува настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ на 14. место, по вчерашниот пораз од Бугарија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!