Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија до 16 години со пораз од Бугарија го заврши Европското Првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржуваше во Македонија.

Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше предноста во текот на целиот меч.

Сепак, за оваа генерација шампионатот претставуваше значајно европско искуство и можност за настапи против квалитетни селекции. Нашите млади кошаркари одиграа серија натпревари кои ќе бидат важна основа за нивниот понатамошен развој и напредок.

Во последниот меч, најпрецизни во македонскиот состав беа Александар Зунзуровски и Илија Коневски со по 13 поени, додека Дион Шабани постигна 10.

Македонија така го заврши настапот на 14. место во конкуренција на 22 репрезентации, со ново европско искуство за генерацијата која во иднина треба да биде еден од носителите на македонската кошарка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското првенство во Бирмингем, каде што се натпреваруваше во исклучително силна конкуренција...

Втора лигаФудбал

Трпески: Пелистер и Битола заслужуваат место во елитата, но верувам во капацитетот на Камјани

Камјани вечерва ќе испише нова страница во својата историја, откако за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига. Ланскиот шампион во Третата...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Хрватска го освои Европското првенство за кошаркари до 16 години во Гевгелија!

Хрватска е победник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Мислам дека оваа слика е реална, многу работа е пред нас!

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Тоа е тим! Тоа е тоа што ни треба секогаш – 40 минути!

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, беше задоволен од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со голем пресврт ја совлада Унгарија и ќе игра за 13. место

Македонската репрезентација до 16 години со одличен пресврт ја совлада Унгарија со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!