Втора лигаФудбал

Христов: Шансата е пред младите, со поддршка од „Чкембари“ се надевам на позитивен резултат против Камјани

Сподели
Сподели



Пелистер утре во вечерен термин ќе ја отвори новата сезона во Втората лига против Камјани со една цел – експресно враќање во Втора лига.

Битолчани имаат комплетно нов ростер во однос на тој од минатата сезона кога испаднаа од елитата, имаат и нов шеф на стручниот штаб, Борче Христов ќе треба да го врати Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.

Токму искусниот стратег зборуваше пред стартот на новата сезона.

„Поминаа околу 35 дена од првиот ден кога се собравме. Комплетно нова екипа со неколку искусни играчи, меѓутоа гротото од екипата е млада. Во нашиот ростер во моментот од 24 играчи приклучени се 18 младинци и осум играчи кои се постари од 21 година. Голем број на фудбалери од младинската школа приклучивме во првиот тим и тоа се голем број младинци кои што имаат право да играат за младинци и оваа сезона. Пробавме да го реализираме тоа што го имавме испланирано, меѓутоа сигурно е дека ни треба време уште да се вклопи екипата, ова е сосема нова екипа, со нов ростер на играчи, со млади играчи во 70 проценти од екипата и сигурно е дека ќе треба време и простор за они да созреат, да играат квалитетно и да влезот во тој систем во кој што го барам јас“, вели Христов.

Христов го сподели неговото мислење и за новото правило кое значи дека второлигаши натпреварите треба да ги започнат и завршат со тројца играчи под 21 година и еден играч под 19 години.

„Јас пред се би го поздравил ова правило затоа што оваа правило им дава можност на младите играчи да побрзо созреат, да имаат повеќе шанса за игра и да сигурно повеќе напредуваат. Сигурно дека Пелистер има една од подобрите школи во Македонија, јас не случајно вклучив голем дел од младинците во првиот тим и сметам дека од нив најмногу ќе зависи кој колку и како ќе се прилагоди и напредува. Шансата е пред нив“, рече Христов.



Искусниот стратег вели дека ќе има интересна сезона во Втората лига во која играат голем број на поранешни прволигаш и шампиони на Македонија.

„Сигурно дека овој шампионат во Втора лига ќе биде интересен не само од тој аспект затоа што е Камјани е нов второлигаш и во нивниот ростер има многу играчи што играа во Шкендија, Ренова, во Арсими и други екипи, меѓутоа и останатите екипи во Втората лига се осум бивши прволигаши, сите екипи со реноме и сигурно е дека тоа ќе го подигне и квалитетот на лигата и интересот на лигата. Имаме три, четири шампиони на Македонија кои ќе играат во ВМФЛ. Што се однесува до Камјани, тоа е екипа која што е сега исто создадена да кажам, нешто слично како нас, со искусни играчи. Утре е прво коло, секогаш првото коло претставува еден предизвик и еден да кажам товар затоа што прво коло е старт сите сакаат со победа и добар резултат да започнат, се надевам ќе имаме добар натпревар“, вели искусниот стратег.



Христов очекува поддршка од верните „Чкембари“ и целата битолска јавност за утрешниот меч против Камјани, дополнува дека се надева на позитивен резултат.

„Се надевам дека утре ќе дојдат во голем број да ги поддржат овие играчи, затоа што сигурно поддршката многу ќе им значи на играчите. Исто така можам да кажам дека во ростерот на фудбалери голем дел околу 70 проценти се играчи од Битола. Тоа е уште еден поттик за навивачката група „Чкембари“ и за љубителите на фудбалот во Битола, да бидат утре на стадионот и да ги поддржат фудбалерите, се надевам дека со максимално ангажирање, залагање, борба ќе им дадеме можност да уживаат на натпреварот и се надевам на позитивен резултат“, завршува Христов.

Натпреварот меѓу Пелистер и Камјани се игра утре вечер од 20 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига. Штипјани на гостински терен имаат лош учинок,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!