Прва лигаФудбал

Попзлатанов: Нема да потцениме никого, но трите бода дома се задолжителни

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во ПМФЛ. Триумф над Арсими од 5-1, а потоа победа над Башкими со 0-5. Десет дадени голови, и само еден примен за цврсто прво место на табелата.

Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот дел на табелата.

„Имавме добар старт на сезоната, и очекувам оваа серија да продолжи и денеска. Играме на домашен терен и очекувањата се нормално три бода. Иако Шкендија е нов прволигаш, имаат квалитетен ростер, но се надевам дека ќе дојдеме до победа. Овој тим во првите две кола покажа дека има квалитет, и сакаме да се бориме за горниот дел на табелата, ако може и за некое од местата кое носи во Европа“, изјави Попзлатанов.

Десниот бек на Тиквеш кажа дека во секој меч Тиквеш влегува со максимален респект кон противниците.

„Нема да потцениме никого, ниту Шкендија Арачиново, но трите бода дома се задолжителни. Одиме со помош на нашата публика да дојдеме до нов триумф, и да ги израдуваме нашите фанови и денеска“, додаде Позлатанов.

Мечот помеѓу Тиквеш и Шкендија Арачиново се игра на градскиот стадион во Кавадарци со почеток во 16:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!